Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва, 08.07.2024г., ќе се одржи концерт на фаготистот Зоран Митев, по повод 40 години уметничка кариера, со почеток во 20:30ч. во Музеј на македонската борба.
Настапуваат: Зоран Митев – фагот, Членови на Уметничкиот центар „Полифонија“ – Скопје, Сања Шуплевска и Александра Колевска – виолина, Сашка Крстиќ – виола, Игор Шкерјанец – виолончело, Ѓорѓи Цинциевски – контрабас.
На концертот ќе бидат изведени дела од Гордон Џејкоб – Суита за фагот и гудачки квинтет, Томислав Зографски – Суита оп. 60 за гудачки квинтет, Ларс – Ерик Ларсон – Кончертино за фагот и гудачки квинтет, Драган Чуплевски – Капричо за гудачки квинтет и други.