Три награди на Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица за „Роња, ќерката на ограбувачот“

Три-награди-на-Меѓународниот-куклен-фестивал-во-Подгорица-за-„Роња.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Една од најнаградуваните претстави „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци повторно се закити со најпрестижни награди, овој пат освои три награди на Меѓународниот куклен фестивал во Подгорица, Црна Гора кој се одржа од 31 август до 4 септември.


Жири комисијата предводена од драматургот и режисер Горан Булаиќ, заедно со Алек Радиќ и Владимир Лазовски – членови, на „Роња, ќерката на ограбувачот“ и ги додели наградите: Гран при за најдобра претстава, Награда за најдобра режија и Награда за актерско мајсторство за Матеа Јанковска.

Режијата и драматизацијата на претставата се на Јакуб Максимов, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен.

Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK