Во Мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ во Скопје денеска напладне ќе биде одржана поетска средба со авторките од „Битолскиот книжевен круг“.
Пред љубителите на пишаниот збор ќе се претстават поетесите: Мирјана Стојановска, Милица Димитријовска-Радевска, Весна Мундишевска-Велјановска, Билјана Т. Димко, Елизабета Јончиќ, Гордана Стојановска, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџовска-Свидерска и Лили Бошевска.
За книжевните преокупации и пораки на авторките од „Битолскиот книжевен круг“ ќе говори Милица Димитријовска-Радевска.