Жирито на 26 МТФ Денови на комедија 2023 Куманово во состав на претседателка Магдалена Ризова Черних и членови: Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
Најдобра претстава „Чекајќи го лекарот“ Театар Лесковац, Србија;
Најдобра режија Дамјан Тенев „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
Најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје;
Најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје;
Најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија;
Најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје