Во НУ „Спомен куќа на Тодор Проески“ во Крушево вечер македонската пијанистка Даница Стојанова ќе одржи солистички концерт.
Пијанистката ќе изведе дела од Ерик Сати, Фредерик Шопен и Томислав Зографски.
-Многу се радувам што овој концерт ќе се реализира и тоа во просторот кој што има посебна енергија и го носи името на нашиот драг Тоше Проески. Композициите кои ќе ги изведам ја прикажуваат мистичноста на Сати, поетичноста на Шопен како и неокласичната форма на Т. Зографски. Се надевам дека публиката во Крушево ќе ужива и дека со овој концерт ќе се отвори простор за настап на нашите млади уметници од класичната сцена, изјави Даница Стојанова.