Слободен влез во Музејот на македонската борба за Меѓународниот ден на музеите

muzej
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Влезот во НУ Музеј на македонската борба за самостојност утре ќе биде слободен во чест на Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај. Музејот ги поканува сите заинтересирани да ја посетат постојаната поставка во редовното работно од 10 до 18 часот.

Оваа година, Меѓународниот совет на музеите ИКОМ го одбележува денот на музеите 18 мај со темата „Музеи, одржливост и благосостојба“.


Музеите имаат свој придонес во општеството за постигнување на целите за одржлив развој: од поддршка на климатските активности и поттикнување на инклузивноста, до справување со социјалната изолација и подобрување на менталното здравје, стои во соопштението од НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK