Штипскиот Театар подготвува нова претстава „Роденден“

hristov_34535435
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– „Роденден“ е новата претстава на штипскиот Театар, која својата премиера ќе ја доживее на крајот на месецов или почетокот на следниот. Новата театарска претставата е во режија на Васил Христов.







-Подготовките одлично одат сега засега, веќе работиме на две недели и веќе сме на сцена. Тоа значи дека многу брзо и ефикасно ги завршиме читачките проби на маса. Инаку, станува збор за проект којшто е наречен „Роденден“ по текстот на Харолд Пинтер, познат британски автор и Нобеловец, во моја режија и со ансамблот на штипски Театар, рече Христов.

Посочи дека станува збор за театарска претстава која има психолошки карактер. Смета дека театарот не треба да им ја земе работата на естрадните уметници и да ја забавува публиката, туку да им покаже нешто значајно, а оваа претстава ја има токму таа функција.

-Станува збор за психолошка драма. Малку потешка приказна е, меѓутоа мислам дека ред и време е штипскиот Театар повторно да се занимава со некои посериозни теми во општеството и она што ни се случува. Малку посериозна драма, каде што се истражува влијанието на општеството врз поединецот и кон што тоа води, кои се психолошките реперкусии од едно општество кое го притиска поединецот, додаде Христов.

Претставата ќе биде една од вкупно петте премиери до јуни на Народен театар Штип (НТШ), со што ќе се заврши полу-сезоната, а истите ќе бидат дел од одбележувањето на 100-годишнината од организираното театарско движење во Штип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK