Семинар за конзервација, во рамки на проектот „Едукон“

edukon
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија викендот се одржа семинар за конзервација, во рамки на проектот „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Велика Британија.

Предавач на семинарот беше познатиот експерт конзерватор Антонио Мирабиле од Франција, кој своето знаење и искуство го пренесе на конзерваторите од конзерваторските центри, музеи и НУ Библиотека од Скопје. Тој во двата дена на овој интерактивен семинар, исполнет со вежби и задачи, ги презентираше европските научни проекти Аурора и Гринарт и многу други негови проекти со познати светски музеи, соопштија организаторите.


Учесниците имаа можност да ги споделат и своите искуства во работата со различни методи, како и да научат за употребата на современи нано материјали, во конзервација на уметнички дела како алтернатива на конвенционалните конзерваторски материјали (полимери, органски растворувачии др).

Теоретскиот дел беше презентиран преку примери од пракса а практичниот дел за примената на нано материјалите, чистење и косолидација на делата на платно, хартија и други органски метеријали. Семинарот од страна учесниците беше оценет како многу квалитетен, корисен и иновативен. На крајот на сите учесници им беа доделени сертификати, а експертот останува во контакт со учесниците за сите прашања и консултации.

Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK