Седмата „Поетска епизода“ в недела во „Буква“ посветена на Скопје

Седмата-„Поетска-епизода-в-недела-во-„Буква-посветена-на-Скопје.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во недела во кафе-книжарницата „Буква“ во рамки на фестивалот „АртАреа/Артерија“ ќе се случи седмото издание на „Поетска епизода“ во организација на неформалното здружение за култура „Култура Бета“.



Оваа епизода е посветена на поетика на градот Скопје, неговата издржливост, солидарност и љубов. Ќе настапат поетите Иван Џепароски, Васил Ханџиски, Никола Маџиров, Биљана Стојановска и Васко Марковски. На настанот ќе бидат прикажани и четири поетски филмови за Скопје инспирирани од поезијата на Ивана Јовановска, Владимир Мартиновски, Јулијана Величковска и Андреј Ал-Асади.

Поетските филмови се во режија на Марија Шаклева, Сандра Ѓоргиева и Диме Данов, а настанаа како дел од проектот „Стиховно мапирање на Скопје“ на издавачката куќа „ПНВ Публикации“.

Настанот ќе го модерираат младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Ивана Јовановска.

Оваа епизода е поддржана од фестивалот „АртАреа / Артерија“, издавачката куќа „Бегемот“, Europe House Скопје, кафе-книжарницата „Буква“ и издавачката куќа „ПНВ Публикации“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK