Вечерва во 20 часот, на каналите на „Што го врти светот“ ќе се сврти мубает за филм со Дина Дума. Дина е македонска режисерка чиј дебитантски долгометражен филм – „Сестри“и стана првиот македонски филм на Нетфликс. Станува збор за најгледаната стриминг платформа во светот. Покрај работата на „Сестри“, Дина веќе неколку сезони е дел од режисерскиот тим на серијата „Преспав“. Во „Што го врти светот“, таа ќе зборува за иновациите во филмот, можностите македонски филмови да бидат презентирани пред светска публика и зошто и покрај помалото финансирање нашите филмови прават огромни успеси. Кога се сериите во прашање, Дина има искуство и со работа на серија во македонски услови, но и во дистрибуција на содржина на Нетфликс. Дали можеби еден ден ќе имаме и наша серија на некоја од најгледаните платфроми во светот?
Поткастот со режисерката Дума ќе можете да го видите и слушнете на: Јутјуб Спотифај.
Додека ја чекате најновата епизода можете да ги слушнете епизодите со:
Филип Арсов – коосновач на компанијата со чија апликација ќе се подготвуваат за лет пилотите на Луфтханза групацијата, во која влегуваат неколку најголеми авио превозници во Европа и светот.
Или, Дарко Велков – креатор на компанијата vrabotuvanje.mk кој зборува за работните позиции на иднината и како вештачката интелегенција влијае на истите.
„Што го врти светот?“ е поткаст кој обработува теми поврзани со создавање на бизнис во Македонија, правење на успеси на светско ниво, мотивација и можностите кои технологијата ги нуди за нашата економија. Во речиси секоја епизода на поткастот се дискутираат Вештачката интелегенција, виртуелната реалност, дигитализацијата и борбата за создавање на сопствени, домашни брендови.