Во Чифте амам вечер во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба, 40-годишен опус, на Владимир Темков.
Владимир Темков е присутен на македонската и поранешната југословенска ликовна сцена од 1980 година и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба.
Тој е основач и организатор е на Меѓународната ликовна колонија, „Кавадарци-Михајлово“ од 1996 година.
Организатор е на првата Ликовна колонија 1982 година во рудник Ржаново, с. Мрежичко, Кавадарци.
Исто така и претседател на Друштво на ликовни уметници на Кавадарци, како и потпретседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.
Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари и друго.