Промоција на стихозбирката „Омарнина што омалаксува“ од Марија Велинова в сабота во кафе-книжарницата „Буква“

promocija_2342424332
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во сабота навечер со почеток во 20 часот, ќе биде промовирана стихозбирката на младата поетеса Марија Велинова со наслов „Омарнина што омалаксува“.







Марија Велинова  родена во 2003 година во Штип, е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Кирил и  Методиј во Скопје. Авторка е на стихозбирките „Разговорите што не можевме да ги имаме“ (2021) и „Омарнина што омалаксува“ (2023).

Таа во 2022 година ја претставуваше Македонија на Интернационалната филозофска олимпијада во Лисабон. Нејзини есеи се објавени во списанијата „Средношколски размислувања 4“, „Филозофска трибина“, како и на платформата „Култура Бета“.

Нејзини есеи се објавени во списанијата „Средношколски размислувања 4“, „Филозофска трибина“, како и на платформата „Култура Бета“. Учествувала на „Скопскиот поетски фестивал“, како и на повеќе поетски читања, меѓу кои: „Отскочна даска“, „Поетска епизода“ и „Добри гости“ а нејзини песни се препеани и на српски јазик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK