Во рамките на неделата на македонските автори, вечер во 19 часот, „Матица македонска“ од Скопје ќе го промовира романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски.
Со јазик прифатлив за широк круг на читатели, авторот пишува за новото време проткаено со чипови, замоци и скриени знаења, кои ја ткаат авантурата што претстои низ Бислим, Кокино и Кожуф, велат од „Матица македонска“.
Романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ е трето прозно остварување на младиот автор Филип Петровски (Куманово, 1993), а ќе го промовираат професорките Соња Тодоровска и Анита Цветковска.