Приказната „Силjан Штркот” на Марко Цепенков преведена на руски јазик

siljan-shtrkot
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објвена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj” во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”.

Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега објавено на руски јазик.


Покрај самата приказна, во книгата е обjавен и есеj насловен „Штркот единак и неговото јато” на Митко Маџунков кој, меѓу другото, истакнува дека „тоа не е волшебна приказна, бајка во која сè е можно (или барем таквите елементи се сведени на минимум), туку прецизна парабола за човековата судбина во која сите детали се во функција на основната идеја”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK