Премиера на новогодишната претстава „Пиши му на Дедо Мраз“ на Театар Куманово

Премиера-на-новогодишната-претстава-„Пиши-му-на-Дедо-Мраз-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утре вечер, сабота 16 декември во Театар Куманово во 17:00 часот премиерно ќе се одигра претставата „Пиши му на Дедо Мраз“ во продукција на Центар за култура и Театар Куманово. Претставата е направена по повод новогодишните празници за нашата најмлада публика. Во претставата играат актерите од кумановски театар: Сања Русеска, Владо Дојчиновски и Давид Илиќ во режија на Бојана Краљевска Стојков, текстот и сонговите се на Зоран Зафировски, сценографија Крсто Богојевски, костими Дарко Илиевски, музички соработници Александар Митрички, Никола Стојковски, Стефан Стојмановски, Ангела Ѓоргиевска, дизајн на постер Стефан Јакимовски.



Ова е еден интересен новогодишно сценски приказ каде најмалите ќе може да ги кажат своите желби и да си посакаат убави новогодишни празници. Премиерата и првата реприза се веќе распродадени, вели организаторот.

„За новогодишна еуфорија за најмалите преку театарската магија, ќе не посети Дедо Мраз, ќе му напишеме меил на Дедо Мраз, преку ликовите на две деца, Тамара и Кире, ќе видиме колку се креативни децата кога се инспирирани од исчекувањето на посетата на Дедо Мраз. Дедо Мраз со една единствена порака и желба, децата без разлика од кој дел на светот, треба да бидат еднакви, да живеат во хармоничен свет полн со љубов. Во 35 минутното театарско патување со Дедо Мраз, Тамара и Кире, се надеваме дека ќе придонесеме за уште поубаво Новогодишно расположение за најмалата, но најдрага наша публика“, изјави Бојана Краљевска Стојков.

Новогодишниот сценско-музички приказ „Пиши му на Дедо Мраз“ е весела пиеса за двајца третооделенци и за нивните новогодишни желби и возбуди при „случајната“ посета на Дедо Мраз. Низ детски хумор прикажан е судирот меѓу традиционалното и современото преку дилемата: дали на Дедо Мраз да му се напише писмо или мејл? На крајот се испраќа топла порака за мир во светот изјави Зоран Зафировски драмтург на претставата.

Претставата од понеделник, 18 декември ќе се игра за Основните училишта од градот и за публиката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK