„Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ вечер во Кинотека

svedski dok fimovi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Кинотека на Македонија од денеска до 15-ти месецов, во соработка со Амбасадата на Шведска, ќе бидат прикажани шведски документарни филмови. Како што е најавено, вечер на репертоарот ќе биде „Предрасуди и гордост – шведски филмски квир“ од Ева Белинг.

Утревечер ќе се прикажува филмот „Историја – конци за Сами“ на Томас Џексон, а на 12-ти август „Децата на непријателот“ на  Горки Гласер – Милер. Во понеделник, на програмата ќе биде филмот „Хор – една приказна за госпел хорот Тенста“ на Аманда Пешикан, а следниот ден филмот „Сабаја“ на Хогир Хирори.


-Секој од филмовите на репертоарот на неделата на шведски документарни филмови ве носи на едно поинакво кинематографско патешествие, почнувајќи со еден времеплов низ богатата историја и застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија, преку фасцинантно патување низ историските настани и митолошките слики на Сами (Лапонците) исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Самите, соопштија од Кинотека.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK