„Потрети и нивните луѓе“-изложба на минијатури на Александра Гедеон во Крива Паланка

d12c63db-fabc-4fa9-b3ff-000aea43b917-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во уметничката галерија на ЛУ Градски музеј Крива Паланка, на 15 август, четврток, со почеток во 19,30 часот , ќе биде отворена изложбата „Потрети и нивните луѓе“ на уметничката Александра Гедеон.



Изложбата нуди нова перспектива на гледање портрети преку кои се разбира карактерот и се чувствува душата на портретираните лица. Акцентот е ставен на ситноста – минијатурата , играњето со линијата и контрастите , кои ги отсликуваат психолошките состојби на лицата.

Изложбата „Потрети и нивните луѓе“ е циклус кој обединува серија од 80 минијатури што авторката ги создала во изминатите три години. Овие дела ја покажуваат нејзината креативна зрелост, трпеливост посветеност за постигнување на максимална експресивност во минијатурен формат.

Александра Гедеон е родена во Панчево, а во 2010 година дипломирала на Факултетот за применета уметност, отсек ѕидно сликарство, во Белград. Досег има реализирано повеќе групни изложби и учествувано на меѓународни ликовни колонии. Работи како кустос во Галеријата за современа уметност во Народниот музеј во Смедеревска Паланка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK