„Поетроника“ во Македонски народен театар

poetronika
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Македонскиот народен театар вечер од 21 часот ќе се одржи „Поетроника“, музичко-сценски електронски акт изведен во живо од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе.

– Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Длабоко интимна и емотивна симбиоза од електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика, велат од МНТ.


Проектот, како што дополнуваат, е еден вид на сведоштво за континуитетот и конзистентноста на македонското поетско творештво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK