Музичарот и пејач Шејн Мекгован, најпознат како фронтмен на The Pogues, почина на 65-годишна возраст.
Веста за смртта на легендарниот рокер, кој стоеше зад култната божиќна песна „Fairytale of New York“, со објава на Инстаграм ја објави неговата сопруга Викторија Мери Кларк.
View this post on Instagram
A post shared by Victoria Mary Clarke Angels (@victoriamaryclarke)
„Шејн секогаш ќе биде мојата светлина, мерка на моите соништа и љубов на мојот живот“, вели таа, пренесува „Скај Њуз“.
Ирската ѕвезда во последните години страдаше од неколку здравствени проблеми, поради што со месеци беше во болница.