Во срцето на Рим, местото Чиостро де Кампители, одекнаа звуците на пијано и хармоника во изведба на талентираната пијанистка од Крива Паланка, Ангела Николовска, од класата на професорката Катерина Гелебешева-Костадиновска и нејзината колешка Софија Мирческа од класата на професор Зорица Каракутовска, Тие настапија на Концерти на музичкиот храм на народите (Concerti del Tempietto – Musicale de la Nations).
-Ми претставува огромна чест што годинава повторно настапив на овој престижен настан во Рим, овој пат со мојата драга колешка Софија Мирческа. Пред се, голема благодарност до организаторот Анџело Филипо Џанони Себастијани за целосната организација и посветеност. Исто така, благодарност до Општина Крива Паланка, градоначалникот за поддршката што ми ја пружа, македонската амбасадорка во Ватикан, Марија Ефремова, претставниците на македонската амбасада во Рим и „Белмондо”, за несебичната поддршка која ми ја пружија. Благодарност и до нашата композиторка Бетер Илин за убавата музика која ни ја дарува. На концертот го изведовме нејзиното феноменално дело “Рм Па Па”. Најголема благодарност до мојата професорка Катерина Гелебешева-Костадиновска за трудот којшто несебично и континуирано го вложува во мене, рече Николовска која полека но сигурно почнува да ги освојува светските музички аудиториуми.