Отворање на изложба на скулптури „Зодијак“ на Митко Дамјановски

Отворање-на-изложба-на-скулптури-„Зодијак-на-Митко-Дамјановски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вечерва во ЈУ Младински културен центар се отвора изложбата со скулптури на младиот уметник Митко Дамјановски со наслов “Зодијак”.

Митко Дамјановски, роден во Кавадарци1996 година. Завршил во средното Училиште за применета уметност „Лазар Личеноски” во Скопје на отсек вајарство 2014 година и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности смер вајарство 2019 година.

Изложбата Зодијак е прва самостојна изложба на Митко Дамјановски. Таа е резултат на истражување во апстрактно творештво низ комбинации на различни матерјали. Целината од дванаесетте дела кои ги претставуваат хороскопските знаци од зодијакот се претставени во апстрактна форма. Во овој проект се подвлекува паралелата помеѓу секој знак како уникатен спој на особини кои оформуваат еден карактер и асоцијативната моделација која ја овозможиваат избраните ликовни елементи и принципи.

Изложбата ќе биде отворена до 25.12.2023

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK