Оштетен муралот „Василичарска епопеја“ во центарот на Вевчани

Оштетен-муралот-„Василичарска-епопеја-во-центарот-на-Вевчани.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска остро го осуди вандалскиот чин на оштетување на муралот „Василичарска епопеја“ во центарот на Вевчани, поддржан од Министерството за култура.


„Монументалното дело, прво во Вевчани е израз на почит кон вевчанската традиција, историја и култура и треба да се вреднува како општо национално добро.

Неприфаќањето на уметничкото облагородување на јавен простор, што ја засилува убавината на Вевчани, не користи никому, а уште помалку да е предмет на поделби од каков било вид.

Ова вредно и оригинално уметничко дело беше промовирано пред два дена, и е приказ на целата церемонија и приказна на вевчанската вековна традиција“, напиша Костадиновска Стојчевска на социјалните мрежи.

Министерката очекува осуда за ваквиот чин и од локалната власт и постапување на надлежните органи за откривање на сторителите кои го уништија делото, кое е активен придонес во збогатувањето на животот на Вевчани и на посетителите на општина Вевчани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK