Oд 17 до 23 јули во Охрид шестото издание на „Бич филм фестивал“

bish_festival_ohrid+#4534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Филмски проекции, мастер-часови и музички перформанси ќе понуди годинешното песто по ред издание на „Бич филм фестивалот“ што од 19 до 23 овој месец ќе се одржува на интересни локации низ Охрид.

Вљубениците во филмската уметност ќе имаат можност на најатрактивни сцени како плажата Славија, плажата Сараиште, бродот „Армада“ и Младински центар во Охрид да изгледаат осум долгометражни играни филма, 16 краткометражни филма, девет студентски авторски филмски креации, пет француски филма и четири специјални проекции.


Фестивалот ќе биде отворен со проекција на краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а за затварањето е најавена проекцијата на словенечкиот филм „Нешто слатко“. Актери кои се дел од филмовите меѓу кои Јелена Јованова, Сашко Коцев, Елеонора Венинова, Гоце Кралевски, Александра Карделевска ќе ги претстават своите филмови пред охридската публика.

Фестивалот од година во година станува препознатлив бренд на летната сезона во Охрид и особено ја привлекува младата публика, која го одбира Охрид за летен одмор целно во периодот додека трае фестивалот.

Од Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“ што го реализира проектот, посочуваат дека од првото издание имаат поддршка од Агенцијата за филм на Р.С.М., потоа од градот Охрид, а од годинава најавуваат дека ќе потпишат официјален меморандум за соработка така што „Бич филм фестивалот“ ќе биде преименуван во Охрид филм фестивал.

Поддршка во реализацијата доаѓа и од Министерство за култура, од Кинотека на Северна Македонија, Францускиот институт, „European Film Challenge“ и бројни спонзори.

Оваа година по трет пат Фестивалот е поддржан и од Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge, EFC), кој е достапен за повеќе од стомилионска публика во 12 држави од Европа вклучувајќи ја и Северна Македонија. Европскиот филмски предизвик низ годините развива и поврзува мала, но значителна заедница љубители на европскиот филм и инди-киното, која активно го користи просторот за забава, откривање, препорачување и споделување на најдобрите европски остварувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK