Нацоски: Трпчески на нозе го крена Милано

Нацоски-Трпчески-на-нозе-го-крена-Милано.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера, македонскиот пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Милано, а нашиот оперски пејач Благој Нацоски за него напиша дека Милано бил кренат на нозе.


„Што да ви кажам, Симон, вечерва, со својот концерт, на нозе го крена Милано🤩“, напиша Нацоски во својата објава на „Фејсбук“.

Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари во светот. Во 2011 Трпчески станува прв носител на титулата национален уметник на Република Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK