На сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе се изведе претставата „Приказна за Јосифа и нејзините Јосифи“

josifa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Театарот „Чекори“ денес, 31.05.2023 во 20 часот на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе ја изведе претставата „Приказна за Јосифа и нејзините Јосифи“ од македонскиот автор Живко Павлов.

Режија: Маја Ѓурчевска. Улогите во претставата ги толкуваат Лела Савевска, Георгина Алексовска, Тамара Илиева, Нина Неделковска и Марија Младеновска.


Тон и светло мајстор, како и асистент на режија е Никола Димевски.
Суфлер: Богдан Баџуков

Делото спаѓа во жанрот фантазија, а влезниците по цена од 150 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Со своето 49-годишно постоење, Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK