МНТ со „ЛАГАТА“ учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“

mnt1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

РСМ НУ Македонски народен театар оваа година со претставата „ЛАГАТА“ ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.

Претставата е работена според текст на актуелениот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска.


„ЛАГАТА“ ќе се одигра на 12 септември со почеток во 20:00 на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица, а во чест на нашиот драг колега, соработник и пред сѐ голем пријател – Крсте С. Џидров.

Џиби, како што го нарекувавме во театарскиот свет. Тој од 1984 до 2022 е автор на сценографии за 12 (дванаесет) претстави во МНТ, а токму претставата „ЛАГАТА“ е негова последна сценографска креација во овој театар.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK