МНТ ја доби главната награда Гран При за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“


8136.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ претставата „Страв и надеж“ е добитник на две награди.


Жири-комисијата, во состав: Снежана Коневски-Руси, актерка, која активно работи како режисер, педагог и уметнички координатор на многубројни театарски, едукативни и културни проекти и претседател на жирито; Дарко Лукиќ – академски истражувач, педагог, консултант и театарски практичар од Хрватска; Аида Буквиќ – театарска и филмска режисерка и редовна професорка на Академијата за драмска уметност во Загреб, ги додели наградите: Главната награда ГРАН ПРИ за уметничко остварување во целина како и за најдобра музика во претставата за композиторката, Ирена Поповиќ-Драговиќ.

Македонскиот народен театар со претставата „Страв и надеж“, по мотивите на Франц Ксавер Крец, а
во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, на 10 јуни учествуваше во официјалната натпреварувачка програма, во конкуренција со уште осум театарски куќи.

Во претставата игра извонредна актерска екипа: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

Свеченото затворање на фестивалот и доделувањето на наградите ќе биде на 12 јуни со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Во чест на наградените ќе се одигра претставата „Црно злато“ по текст на нашиот култен драматург, Дејан Дуковски, а во продукција на Београдско драмско позориште.

Фотографиите се превземени од архивата на МТФ Војдан Чернодрински и од архивата на НУ МНТ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK