Мастеркласови на Доминик Вуковиќ и Бранка Холингсворт Нара на „Литера 2023“

litera_23424243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во Музејот на град Скопје синоќа беше отворено 5. Издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, со изложби на тројца илустратори од Хрватска и на македонски современи илустрации.







Илустраторите од Хрватска, Доминик Вуковиќ и Бранка Холингсворт Нара, кои се гости на Фестивалот,  денеска ќе одржат мастеркласови во Музејот на град Скопје. За тајните на своите техники на работа и пристапот во детската илустрација, во 12 часот предавање ќе одржи Вуковиќ, кој е еден од најнаградуваните илустратори во Хрватска. Холингсворт Нара ќе одржи мастерклас во 17 часот. Таа веќе неколку години има свој блог и објавува прирачници со кои им помага на помладите илустратори да навлезат во тајните на илустрацијата за деца, со која се занимава повеќе од 20 години.

Претходно, во 11 часот креативна работилница ќе одржи Доротеј Нешоски. Во 13 часот следува претставата „Авантурите на Стела и Сани“, додека во 18 часот ќе следува промоција на сликовниците за деца „Волшебното патување на Простор и Време“ од Мирко Трајановски и Кристијан Јованоски, како и „Љубовта спасува животи“ на Свјетлан Јунаковиќ.

Во 20 часот заедно со Ана Голејшка Џикова ќе биде организирана Офф програма – „Приказни создадени по заспивање на децата“.

Петтото издание на Фестивалот Литера синоќа беше отворено во Музејот на Град Скопје. Љубители на пишаниот збор, на сликовниците, на илустрациите дојдоа да ги видат изложбите на гостите на фестивалот Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ-Врачар и Бранка Холингсворт Нара, како и на македонските илустратори кои се дел од изложбата „Свет со љубов“.

-Културата и уметноста не се придружни станици, тие се составен дел од целото патување наречено живот. Но, за да биде така неопходно е да им ги вдахнеме на нашите најмили уште на почетокот на тоа патување. Тоа е мисијата на тимот кој веќе пет години го креира овој фестивал за илустрација и литература за деца, истакна Софија Семенпеева, основач на фестивалот.

Таа подвлече дека светот им припаѓа на децата, а „Литера“ е волшебно патување во кое се впуштивме без да предвидиме со што се ќе се соочиме.

-Идејата сама по себе не е доволна, „Литера“ по пет години постоење, полека, но сигурно да станува вистински културен бренд на градот и државата. Вложивме огромен труд, многу непроспиени ноќи, извозени километри и многу, многу ум. Публиката за клутура се создава од мали нозе. Здраво општество и културни вредности се градат со работа уште на најмала возраст. Секое дете кое дошло на „Литера“ е дете за кое зборот уметност повеќе не е апстрактен збор… Многу макотрпно и посветено го одиме патот на Литера зашто е важно каков свет им оставаме на нашите деца. Важно е да им градиме „Свет со љубов“, какво што е мотото на фестивалот годинава – рече Семенпеева.

Фестивалот се организира со поддршка на Министерството за култура, а го помагаат на повеќе општествено одговорни компании.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK