Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвора концертната програма со трио АПЕРТО


trio-aperto.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со Концерт на реномираното трио АПЕРТО во состав Марина Трајковска – виолина, Момчило Куфојанакис – виолина и Весна Ангелова Христов – пијано, македонскиот КИЦ во Загреб утре, 19 мај во 19 часот ја отвара концерната програма за оваа година.


Триото АПЕРТО веќе подолг период активно дејствува на македонската и меѓународната музичка сцена, со јасна мисија за афирмација и развој на класичната музика и камерното музицирање. Нивната уметничка соработка претставува значаен придонес за збогатување на музичко-сценската дејност, не само во Македонија, туку и на меѓународно ниво.

Во изминатите години трио АПЕРТО реализираше успешни концерти во повеќе градови во Македонија, а на меѓународен план настапуваше во Тирана, Истанбул и Њујорк, претставувајќи ја македонската музичка уметност пред поширока публика.

Концертот во Загреб носи внимателно избрана програма која опфаќа различни епохи и музички стилови, со особен акцент на македонското современо творештво, регионалната музичка соработка и дела од светската класична музика.

Особено внимание привлекува фактот што трио АПЕРТО е ретка камерна формација – две виолини и пијано – што претставува вистинско освежување на концертната сцена и можност овој тип на камерно музицирање да се доближи до пошироката публика.

„Со овој концерт, Македонскиот КИЦ во Загреб ја продолжува својата мисија за промоција и афирмација на македонската култура и уметници во меѓународен контекст, при што ваквите настани ги рефлектираат државните политики за развој на културната дипломатија како значаен двигател за јакнење на меѓукултурниот дијалог, културната размена и меѓународната соработка“, се наведува во соопштението од КИЦ Загреб.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK