Во Тирана во текот на овој месец се одржува фестивалот „Магична флејта” на класична и експериментална музика, на која се претставуваат и македонски музичари.
– Овој пат на покана од македонскиот Културно информативен центар во Тирана, настапија „Трио Академико” и „Македонски дувачки квартет” секој со половина час своја програма. Последниот дел од концертот, македонските заедно со албански класични музичари, изведоа две нови дела од прекрасниот албански композитор Фатос Керимај, информираа од КИЦ во Тирана.
Минатата година на истиов фестивал се претстави нашата млада и талентирана пијанистка, Ивана Мазнејкова.