Деветто издание на Скопје Синема Сити викендов во Кинотека

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под мотото „Приказните зад музиката“ во Кинотеката на Северна Македонија, на 17 и 18 месецов ќе биде одржано деветтото издание на Скопје Синема Сити, фестивал посветен на музички документарни филмови. Фестивалот годинава во својата програма вклучува изложба и три документарни филмови посветени на творештвото на едни од највлијателни фигури во историјата на музиката, Леонард Коен и Френк Запа како и за нашата антологиска музичка група „Леб и сол“.







Фестивалот ќе биде отворен со групна изложба на музички фотографии насловена „5х10“. Станува збор за избор од по пет фотографии на пет истакнати македонски фотографи кој посветено повеќе од две децении фотографирале на концерти и музички фестивали. Публиката ќе има можност да види фотографии на Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл.

Како што е најавено, по изложбата следува проекцијата на види „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002) , филм создаден за песната на Леонард Коен која од отфрлен албум во 80-тите, по чудни околности, ќе стане една од најизведуваните песни на сите времиња. Ова е приказната за животот на песната „Hallelujah“ и сите музичари кои ја изведувале, од Коен до Џеф Бакли.

Следниот ден, во недела, 18 јуни, ќе следат филмот за „Леб и сол“ насловен како „Вкусот на успехот“ и филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.

Фестивалот кој традиционално доделува Награда за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката, годинава ќе му ја додели на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика. Претходни лауреати во изминатите години, меѓу останатите, беа Руичи Сакамото, New Order, Ник Кејв.

Визуелното решение за деветтото издание е дело на Даница Орцева, студент на Brainster.

Фестивалот „Скопје Синема Сити“ е во организација на здружението Номад-Арт Скопје и е помогнато од Општина Карпош, од Министерството за култура и од Кинотека.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK