Културна офанзива во КИЦ Битола

thumbnail_Благој-Ламјов.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во пресрет на летото се интензивираат културните активности и настани во двата објекти на ЈОУ КИЦ Битола, Офицерскиот дом и Кино Манаки.

И додека во Киното Манаки во континуитет продолжува емитување на филмски хитови, паралелно со светската премиера, најавена е и локална премиера на „Лоши момци: Сѐ или ништо“, режија: Адил Ел Арби, Билал Фалах.

Свечената сала на Офицерскиот дом е посакуваната сала за музичките изведувачи, која ни овозможува да ги проследиме концертите на: Мевљуд Асановски на кларинет, Трио Академико, Благој Ламњов-кларинет, со Петер Тегнер-гитара (Шведска) и секако претстојниот „ПИЈАНО ФЕСТ“.

Културната агенда на КИЦ Битола, за наредниот период станува уште побогата, а централно место во подготовките на тимот на КИЦ Битола, зазема второто издание на Фестивалот на староградска музика „Ех, таа серенада“ 2024, кој ќе се одржи на платото на Офицерскиот дом на 11 Јули.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK