КУД „Гоце Делчев“ од Делчево со концерт по повод 120 години од смртта на својот патрон

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Културно – уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево вечерва организираше концерт по повод 120 години од смртта на патронот и великан на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев. Во рамки на концертот, покрај организаторот, свој настап имаа и членови на КУД „Јане Сандански“ од Пехчево. Во рамки на настанот беше подготвен и рецитал за животот и делото на Делчев.







– Настапивме со повеќе кореографии, препознатливи за овој крај, како и музички точки со кои настапуваме во нашата држава, но и надвор од неа. Со ова сакаме да му оддадеме почит на нашиот патрон, кој оставил неизбришлив белег во македонската историја, истакнаа од КУД „Гоце Делчев“ – Делчево.

Беа доделени наградите за најдобрите од регионалниот литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“.

– ЈЛБ „Илинден“ и КУД „Гоце Делчев“, под покровителство на Општина Делчево, а по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, го реализираа овој регионален литературен конкурс, на кој учество зедоа учесници од Делчево, Берово и од Пехчево. Првото место го поделија три учеснички на конкурсот, Андреа Димитровска, Сара Ангелова и Искра Георгиевска. Дел од учесниците на конкурсот, чии творби беа навистина добри, а не се наградени, од ЈЛБ „Илинден“, добија благодарници и подарок книга, истакна Биљана Петровска, директорка на ЈЛБ  „Илинден“.

Наградените творби беа прочитани пред присутната публика на вечерашниот концерт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK