„Креа“ изложба на слики и цртежи од Блашка Миева во КИЦ

krea
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Отворање на изложба на слики и цртежи од Блашка Миева, насловена „Креа“, вечерва во Културно-информативниот центар – Скопје, со почеток во 20 часот. Делата ќе бидат изложени до крајот на јуни.

– Ќе бидат изложени 15-тина дела, во различна техника, акрил на хартија, акрил на платно, акварел на хартија, акварел на платно. Тие се дел од неколку различни циклуси, работени во последните три години, информираат од КИЦ.


Блашка Ми Ева е родена 1986 година во Скопје. Завршила средно уметничко училиште на отсекот текстил и облека, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство, со подотсек реставрација и конзервација на фрески и икони. Учествувала на многубројни изложби во земјава и во странство. Реализирала неколку проекти за мозаик на јавен простор во неколку градови во земјава. Досега има реализирано 10 самостојни изложби. Исто така работи современ дизајн на накит повеќе од 15 години. Живее и работи во Скопје.

Делата на Миева ќе бидат изложени до крајот на јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK