Костадиновска-Стојчевска на брифинг со новинарите: Побогата програма во културата за 2024

Костадиновска-Стојчевска-на-брифинг-со-новинарите-Побогата-програма-во-културата-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари предновогодишна средба со новинарите на која ја резимираше годинава која изминува и достигнувањата во својот ресор, а ги најави и поголемите активности за следната година.

Таа ги брифираше новинарите за текот на одлучување по Годишните конкурси, а информираше и за стратешките и за нормативните акти во културата на кои темелно се работи. Некои од нив во јануари ќе бидат достапни на ЕНЕР и на јавна расправа, а се во делот на заштита на културното наследство и Охридскиот Регион. Министерката повторно упати апел до претседателот на Комисијата за култура на Собранието, Кастриот Реџепи, да не се кочи натамошната постапка за донесување на Законот за употреба на македонскиот јазик.

„Јазикот е заштитено нематерјално културно наследство“, рече министерката за култура која ги повтори придобивките од носење на овој закон. „Овој закон ја унапредува примената на македонскиот јазик и во него е предвидено задолжителното вработување на лектор во секоја институција, задолжително лекторирање, што ќе биде привлечно и за нови работни места. Друга новина е воведување на работата на Инспекторатот, област во која има одредби кои се усогласени со новиот Кривичен законик. Овој закон ќе овозможи одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование“, посочи министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска спомна дел од големите проекти од изминатава година во која се финализираше административниот процес, и Старото училише во Љубојно, почнува со реновирање во јануари. Потоа ја истакна успешната работа и оправданоста на формирањето на новите установи како Камерниот оркестар-Битола и Џез оркестарот, за кои се обезбедени услови за работа.

Интересот на новинарите беше насочен и кон примопредавањето на Универзалта сала, на што министерката рече дека вчера Градот Скопје ја предал документацијата на Министерството за култура, и реновирањето може да започне. Планираниот рок за завршување е три години.

Костадиновска-Стојчевска најави конзервација на иконите од првата реституција во државата, и отпочнување постапка за враќање на останатите украдени македонски икони од Албанија.

Министерката за култура искажа благодарност до медиумите за интересот кој го имаат за темите од областа на културата, со кој го држат вниманието на јавноста и ја прават поблиска до граѓаните.

„Се радувам на видливите резултати во сите дејности, богатството и разноликоста на уметнички содржини, инвестициите во инсфраструктурата, кои во 2024 година ќе бидат уште поатрактивни за граѓаните и за корисниците, ќе продолжат да бидат актуелни и привлечни за 7-та светска сила“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK