Концерт на „Фолтин“ во Тирана

foltin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Музичкиот состав „Фолтин“ на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Тирана, вчера настапи на „Cloud“ фестивалот во албанската престолнина.

Како што соопштија од КИЦ, „Cloud“ фестивалот, вообичаено се одржува секој мај во центарот на градот. Трае еден месец и на него настапуваат повеке од 600 артисти од повеќе земји.


-Нивниот настап започна хипнотично и мирно, спокојно. Како да се составија во едно, лилјаковото небо над Тирана, музиката на Фолтин и публиката. Песните се редеа една за друга од сите нивни албуми. Фолтин звучеа префинето и светски. На крајот, публиката стана и започна да игра. Токму кога се очекуваше крај на концертот, тој како да започна уште еднаш. Следеа половина час каде што публиката играше и покажуваше големи емоции кон нашите музичари и нивната музика. Прекрасен концерт на Фолтин, кој беше следен од мнозина тиранчани, дипломати, професори на француското училиште во Тирана, како и дел од учесниците на „Берлинскиот процес“, наведува во соопштението директорот на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.

Лани, на фестивалот во Тирана настапи нашиот бенд, „Љубојна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK