Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово вечер ќе се отвори колективната ревијална изложба „Пролетен салон 2023“. Изложбата ја организира Здружението на ликовни уметници на град Тетово, а отворањето е закажано за во 19 часот.
-На ревијалната колективна изложба „Пролетен салон 2023“ ќе се изложат 56 уметнички дела од исто толку уметници. Делата се од областа на сликарство, вајарство, графика, графички дизајн и фотографија, информираше Арбенита Мета од Здружение на ликовни уметници на град Тетово.
Прв пат на изложбата ќе биде изложена и уметничката слика „Македонија – Ера на кладенките“, од академскиот сликар Александар В.Настески завршена непосредно пред тој да почине во јануари оваа година. Настески во 2021 година одбележа 50 ликовно творештво, а во 2022 ја доби 19 ноемвриската награда за животно дело.