Книгата „Делфинот“ на Александар Прокопиев на бугарски јазик

Книгата-„Делфинот-на-Александар-Прокопиев-на-бугарски-јазик.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неодамна, познатото софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев.


Преводот на бугарски е на Деница Проданова, инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов. Во препораката до бугарскиот читател на „Делфинот“ се вели: „Мајстор на прозата, Александар Прокопиев умее да раскажува приказни што вовлекуваат во интригата, возбудуваат со своите емоции и на крај, но не и помалку важно – долго остануваат во вашите мисли“.

Претходната книга на Прокопиев преведена на бугарски, „Човечулец“, беше под покровителство на истото книгоиздателство што го води издавачот, книжевниот истражувач и критичар Пламен Тотев. „Човечулец“ имаше впечатливи претставувања за време на меѓународната ноќ на литературата во Софија, како и во македонскиот културен центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK