„Како гори пепелта“-Промоција на најновата книга на Милош Димковски


za-mediumi-milos.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва (19 октомври) од 19 часот, во „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на најновата книга на Милош Димковски, „Како гори пепелта“.


„Станува збор за урбан роман во кој откриваме друг Брисел зад европските институции и костумираните службеници, како живописна палета од различни култури, јазици и животни приказни кои се лепат по неговите улици. Брисел во овој роман е град на гласна музика и уште погласна осаменост“, најавува организаторот.

Тројца блиски другари одат на технофестивал во тунелите под Брисел. Лазар е писател среде авторска блокада и рецепционер во луксузен хотел. Лусија е фотографка опседната со својот мачор. Даниел е диџеј чија кариера тукушто започнува.

Во текот на ноќта, Даниел слуша дотогаш нечуена фреквенција што сака да ја улови за следните проекти, па тројцата влегуваат во тунелот низ ’рѓосаната врата. Излегувањето оттаму ќе ги соочи со прашањето: кој сум јас? Нивните документи повеќе не важат. Во нивните станови живеат други луѓе. Одеднаш, никој не се сеќава дека некогаш постоеле. Потрагата по тоа што точно се случува ќе ги принуди да се соочат со личните стравови, трауми и неостварени соништа кои долго време биле потиснувани.

Писателот Петар Андоновски пишува дека ова „е роман за генерацијата која постојано е во движење и која е без постојана адреса на живеење. Но ова современо номадство кај Димковски не е само обично патување, тоа е потрага по место или нешто во кое конечно ќе се почувствуваат свои“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK