Во рамки на четвртото издание на „Скопски Градски Фестивал“ Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати која денеска со почеток во 20 часот ќе биде отворена во Галерија МКЦ, а граѓаните ќе можат да ја погледнат до 5 јуни.
Како што информираат организаторите, на изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн.
Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители.
„Скопски Градски Фестивал“ е поддржан од Министерство за култура и Комерцијална Банка.