Изложба на фотографии “Жените и фотографијата 2024” во Куманово

ку.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На 07.03.2024 година во четврток, со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена традиционалната изложба на уметничка фотографија “Жените и фотографијата 2024”.

Изложбата ја организира Фото клубот “Куманово“ во соработка со НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово и Општина Куманово.

„Оваа изложба не само што го одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март, туку исто така го слави неизмерниот талент и креативноста на жените фотографи од Македонија. Со големо задоволство, овозможивме простор за учество на 48 фотографки, кои со своите 270 фотографии не оставија без зборови. Нивната преданост и страст кон уметноста на фотографирање се одразени во секој кадар и во секој момент зграбен преку светлината во објективот. Селекцијата на 50 фотографии беше тешка, бидејќи секоја фотографија носи со себе нешто специфично, нешто што го искажува видувањето и искуството на авторката. Но во оваа изложба, секоја избрана фотографија претставува еден аспект на женската моќ и влијание во современиот свет на уметноста. Овој настан не е само прилика за нас да се возхитиме на фотографското уметничко изразување на жените, туку исто така е и прилика да се потсетиме на важноста на рамноправноста во уметноста и во секој аспект на нашето општество. Благодариме на сите учеснички за нивната инспирација и вклученост во оваа изложба, како и на посетителите кои ќе ја однесат дома со себе визијата на жените во фотографското уметничко творење“, велат организаторите.

Изложбата ќе биде поставена до 20.03.2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK