Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите

Иван-Антоновски-ја-повлече-кандидатурата-за-претседател-на-Собранието-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите, коментирајќи дека бил во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостоечка позиција, а по јавно достапните информации дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ, правно, воопшто и не постои.

Сепак, тој смета дека има морална обврска да извести дека и формално го презема овој чекор, затоа што ставовите и програмските определби од неговата кандидатура, всушност, биле одраз на тоа што голем дел од членството го чувствува и го изрази како потреба.

„Верувам дека потребата од заложби за модернизација и транформација на македонската писателска асоцијација и натаму е силна, иако, по сето она што го посведочивме во овој период, јасно е дека патот ќе биде уште подолг и потежок. Со формалното повлекување на кандидатурата чувствувам обврска и се надевам дека на овој начин ќе успеам да спречам заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото, а тоа, верувам, дека не сакаме да си го дозволиме. Затоа што заложбите беа и се за нов систем на вредности, а не за продлабочување на веќе постоечките проблеми“, вели Антоновски.

И покрај сè, додава тој, сака да верува дека ДПМ може да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа, а дали тоа ќе се случи зависи од секој од членовите на ДПМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK