Гостува монобајката „Презимето на розата“ во изведба и режија на Оливера Балашевиќ

Гостува-монобајката-„Презимето-на-розата-во-изведба-и-режија-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На големата сцена во Македонскиот народен театар на 15 март 2024 година со почеток во 20:00 часот ќе гостува монобајката „Презимето на розата“, во изведба и режија на Оливера Балашевиќ.


„Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. „Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.

Асистент на режисерот е Јелена Балашевиќ, а дизајнер на светло е Бранислав Агарски.

По претставата следи промоција на романот „Планета двориште“ и потпишување на книгите од страна на госпоѓа Балашевиќ, со пригоден коктел.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата како и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK