Продукциската куќа „Дизни“ го снима новиот игран филм „Снежана“, што во кината треба да се прикажува следната 2024 година.
Улогата на Снежана ѝ е доделена на Рејчел Зеглер, а „Злобната кралица“ ќе ја глуми Гал Гадот. Во другите улоги ќе се појават Ендрју Брнап, Кејти Хардвик, Миса Којде, Дажона Гифт, Дин Нолан, Џошмејн Џозеф и други. Режијата е на Марк Веб, а оригиналното сценарио за цртаниот филм од 1937 година го напишаа Дороти Ен Бланк, Ричард Кридон и Мерил де Марис.
Занимливо, „Дизни“ ги отстрани „џуџињата“ (луѓето со низок раст) од приказната, бидејќи самиот назив „џуџе“ одамна е проблематичен, како што се наведува. Наместо првичните седум пријатели, во новиот филм со Снежана ќе ги има „седум магични суштества“ кои ќе припаѓаат на различни расни, полови и етнички групи.