На Широк сокак во Битола во периодот од 3 до 16 јули ќе биде одржан Летен карван на книгата на кој ќе бидат понудени наслови во издание на ТРИ и на Паблишер.
Карванот на книгата, како што информираат издавачите, е една од омилените акции на Издавачки центар ТРИ, зашто наместо „ти да одиш кај книгите, тие доаѓаат кај тебе“.
На битолското корзо ќе бидат понудени бројни книги по фестивалски цени.