„Драги уметници“ премиерно во театар „Чекори“

dragi-umetnici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во театарот „Чекори“, вечер со почеток од 20 часот премиерно во Скопје ќе биде изведена претставата „Драги уметници“, во режија на Маја Ѓурчевска.

Како што информираат од театарот, претставата која неодамна беше изведена на фестивалот ДАФ во Кочани, каде освои три награди, спаѓа во жанрот крими-комедија и е спој од две едночинки, експериментално поставени во една целина.


Улогите ги толкуваат Марко Џамбазоски, Даниел Гочевски, Никола Кузманоски, Тамара Стојановска, Никола Димевски, Давид Димоски и Михаил Митевски.

Театарот се наоѓа во скопската населба Автокоманда, во склоп на Домот на култура ,,Димитар Влахов”, а картите можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата, по цена од 150 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK