Домот на културата во Кавадарци со изложба и промоција на книга


promocii-kavadarci-befunky-collage-3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат два настани до крајот на оваа недела. Во четврток, на 18 јуни 2026, од 20.30 часот, во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена мултимедијална изложба “Оган“ на Бојана Ариновска.


За самата изложба авторката вели “„Оган“ за мене не е само тема туку и состојба низ која поминувам. Тој е повик кон будење, кон соочување со сопствената сила, но и со сопствените стравови. Тоа е патување од надворешното кон внатрешното, од видливото кон она што се чувствува, од формата кон суштината. Овој циклус се создаваше речиси две години и беше длабоко личен процес, исполнет со прашања, отпор, прифаќање и трансформација.

Во петок, на 18 јуни 2026, од 13 часот, во Галеријата при Домот на културата во Кавадарци, ќе биде промовиран наградениот “Роман на годината 2025“, Станува збор за еден од најнаградуваните македонски ромни “Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска. Промоциа на “Роман на годината“ во Кавадарци се случува по седми пат, на задоволство на Фондацијата “Славко Јаневски“ која ја доделува по 27 пат наградата и кавадаречкиот Дом на култура “Иван Мазов – Климе“, како домаќин на официјалната промоција по доделувањето минатиот месец во Скопје.

На промоцијата покрај претставници на Фондацијата “Славко Јаневски“ ќе присуствува и говори и авторката Оливера Ќорвезировска, секако со мала дружба со читателите и нејзини посвети на делото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK