Доделено Гран При на „Остен биенале Скопје 2024“ на Микеланџело Пистолето

thumbnail_DSC_5141_low.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На 11 мај 2024 (сабота), „Остен арт“ Скопје му ја врачи официјалната награда Гран При за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето.

Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современа уметност во Белград, како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното Гран при – скулптура од Петар Хаџи Бошков, на Маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на „Остен Скопје“.

Настанот беше организиран во соработка со Музејот на современа уметност на Белград, Србија, „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност (https://bit.ly/4acredW) Рим, Италија и Марио Перони.

Доделувањето на највисоката награда предвидена во рамките на „Остен биенале Скопје 2024“ е најважниот настан од годишната програма на Биеналето која започна со изложбата „Тркало на времето“ од Марко Бањоли, Италија (23 април – 5 мај 2024) во НГМ – Чифте амам со која се најави Италија како „Земја во фокус“ и континуирано се одвива со самостојни и групни изложби во Галерија Остен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK