Десетта јубилејна изложба од проектот „Поврзување“ на КИЦ на Северна Македонија во Софија

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Групната ликовна изложба „Средба од десетти вид“ вечер, во 18:30 часот, ќе биде отворена во галеријата „Академија“ на Националната академија за ликовни уметности во Софија. Изложбата е резултат од соработка меѓу Културно-информативниот центар на Северна Македонија и Националната академија за ликовни уметности. Таа дел е од проектот „Поврзување“, кој оваа година ја одбележува својата 10-годишнина.







Како што соопшти КИЦ на Северна Македонија во Софија, со настанот започнува и одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Учествуваат авторите: Гордана Вренцоска, Дејан Иванов – Маргуш, Јана Манева-Чупоска, Беди Ибрахим, Маријана Иванова, Перица Георгиев – Пепси, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Иво Пецов, Ненад Микиќ, Зоран Мише, Момчил Мирчев, Свилен Стефанов, Росен Тошев, Рикардо Кварежма Виејра, Валтер Праташ и Золтан Ференц.

Изложбата е составена од над 50 дела од областа на цртежот, графиката, сликарството, скулптурата, фотографијата, дигиталната графика и видеоарт.

За љубителите на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 30 јули 2023 година.

Почетокот на проектот „Поврзување“ на КИЦ на Република Северна Македонија е поставен во 2012 година и прескокнувајќи ја единствено 2013 година продуцира ликовни изложби до денес, а со тек на времето списокот на автори се зголемува и збогатува.

Кон базичната група „Конекција“, составена од уметници од Северна Македонија кои живеат и работат во Бугарија, постепено се вклучуваат и македонски уметници кои имаат активна уметничка дејност во Северна Македонија, како и бугарски уметници кои имаат изјавен творечки пат.

Оваа година кон изложбата се вклучени и дела од романски и португалски уметници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK