„Да и’ дадеме шанса на инклузијата!“ – Стрип изложба во Куманово

strip.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Стрип центарот на Македонија од Велес започнува со организирањето на циклус од 5 (пет) изложби,како дел од Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ .

Овој грант е дел од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Првата изложба ќе се организира на 28.05.2024 (вторник ) со почеток во 14.00 во Занатскиот дом во Куманово.

На изложбите ќе се изложат најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на иста тема. На конкурсот се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини. Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествуваа на неколкудневна стрип работилница во с. Нежилово, Велешко кадешто ги усовршија и доработија своите стрип дела .

Исто така ќе се промовира и соодветен каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK